Connect with us

Фудбал

Тонали ги помина медицинските прегледи во Милан

Милано, 9 септември 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали беше на медицински прегледи во Милано и се очекува вечерва да го потпише петгодишниот договор со неговиот нов клуб. По тестовите, тој се врати во својот хотел, а подоцна денес ќе пристигне во „Каза Милан“ за да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“.

– Многу сум среќен, поздрав до сите навивачи, рече Тонали пред новинарите и приврзаниците кои го чекаа пред медицинскиот центар.

Неговиот трансфер се очекува официјално да биде објавен во доцните часови на денот или утре.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com