Фудбал
Тонали и неговите адвокати се среќаваат со италијанските обвинители
Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали и неговите адвокати денеска ќе се сретнат со италијанските обвинители во врска со скандалот со нелегалното обложување, пишува „Газета дело Спорт“.
Според високотиражниот спортски весник, се поизвесно е дека ќе се постигне договор меѓу двете страни. Тонали ќе ја признае вината и целосно ќе соработува со надлежните, барајќи неговата дисквалификација да биде една година, а постои и опција тоа да биде уште помалку – 10 месеци.
🔥INCONTRO AVVOCATI-PROCURA PER TONALI 😮
Secondo 'La Gazzetta dello Sport', oggi dovrebbe esserci il primo meeting per il patteggiamento fra Sandro #Tonali e la #FIGC. Obiettivo dell'entourage del giocatore ottenere una squalifica di 10 mesi pic.twitter.com/QZ8z6eBl9E
— calciomercato.it (@calciomercatoit) October 23, 2023
Првата средба на претставниците и обвинителите на Тонали ќе биде на тема за расчистување на условите од договорот со кој Тонали ќе ја признае вината. Тоа веднаш ќе ја преполови казната што обвинителството имаше намера да ја бара. Поранешните адвокати на Милан и сегашни правни бранители на фудбалерите – Маурицио Скакабароци и Марко Фено ќе ја изнесат одбраната на нивниот клиент, фокусирајќи се пред се на неговата активна соработка (затоа можат да им понудат на истражителите нови откритија) и неговата целосна свест за грешката.
Случајот со Тонали е специфичен, бидејќи тој се обложувал на недозволени платформи на натпреварите на Милан, додека беше член на „Росонеро“. Покрај тоа, играчот се обложувал и додека бил во неговиот поранешен клуб Бреша. На крајот на краиштата, тој се обложил на победи на своите тимови, па нема спортски прекршок, но неговата санкција сигурно ќе биде поголема во однос на седуммесечната дисквалификација (плус 5 рехабилитација) на играчот на Јувентус, Никола Фаџоли, кој не се обложил на натпреварите на „бјанконерите“.
Затоа е веројатно дека на крајот ќе се постигне договор за 12-месечна дисквалификација на Тонали. Желбата на сите е за брзо разрешување на случајот и за многу кратко време е за очекување да има разрешница.