Connect with us

Фудбал

Тони го предводеше Брентфорд до трета последователна победа

Брентфорд ја освои третата последователна победа во Премиер лигата откако на домашен терен го совлада Борнмаут со 2-0 . Иван Тони отвори од пенал во 39. минута, а Матијас Јенсен во 75. го удвои водството.

Со овој успех „пчелите“ го прескокнаа Ливерпул во привремениот поредок од Премиер лигата.

Во последното коло избраниците на Томас Франк ги победија Мерсисајдерите.

Од друга страна, Борнмаут доживеа четврти последователен пораз во првенството и вкупно шести во сите натпреварувања и остана само еден бод над зоната за испаѓање