Други спортови
Тони Надал: Откажувањето на Вимблдон е удар за Федерер
Долгогодишниот тренер на Рафаел Надал, како и неговиот чичко, Тони Надал, ја коментираа моменталната состојба во тенискиот свет.
Коронавиусот застана сè, и тој се осврна на тоа како паузата ќе влијае на големата тројка.
„Тоа сигурно ќе влијае на најстариот. Оние кои се најтешко погодени се оние на кои му е отежната работата за секоја година што поминува. На пример, откажувањето на Вимблдон е удар за Федерер, но тој веќе рече дека е поважно да размислите за здравјето, а не за тенисот“, рече Надал за „Марка“.
Федерер претходно истакна жалење за откажувањето на Вимблдон, но тоа не значи дека ќе замине во пензија.
Во описот на твитот, тој го стави зборот „уништен“, притоа додавајќи ГИФ на кој пишуваше: „Нема ГИФ за да опише како се чувствувам сега“.
Тој исто така рече дека го очекува следниот Вимблдон, што значи дека не размислува за пензија.
Вимблдон ќе го гледаме следното лето 2021 година.