Други спортови
Топло време, но и дожд во недела, за време на трката во Мајами
Второто издание на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1 започнува со официјалната пракса во петок, а синоптичките прогнози предвидуваат дека за време на викендот температурите на воздухот ќе бидат меѓу 25 и 30 степени, за време на сите сесии на патеката.
Во петок, за кога се закажани првите два тренинга, прогнозите даваат шанса за едвај 20 отсто дожд на патеката. Тој процент се искачи на 40% за сабота, но дождот најверојатно ќе ја заобиколи патеката, која се наоѓа во близина на стадионот Хард Рок.
Сепак, во недела возачите можеби нема да имаат толку среќа, бидејќи попладне се очекува да врне дожд над Мајами и може да ја „полива“ патеката за време на трката. Шансите тоа да се случи се 60 проценти.
Severe rainfall is expected ahead of the Miami Grand Prix on Sunday 😳
Rain is also expected during qualifying.
[@PedroMazario / @SalaStampRacing]#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/QMV6nnBfqE
— Fastest Pitstop (@FastestPitStop) May 3, 2023