Фудбал
Торес се откажа од Јапонија и продолжи понатаму
Легендарниот шпански напаѓач Фернандо Торес конечно одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
Искусниот 34-годишен фудбалер одлучи да ги одбие понудите од Јапонија и САД, а кариерата ќе ја продолжи во Австралија.
Медиумите во оваа земја известуваат дека Торес постигна договор за трансфер во Сиднеј и најверојатно, ќе го гледаме во дресот на овој тим.
Сиднеј пред неколку години не успеа во своите редови да го доведе легендарниот Алесандро Дел Пјеро и сега е време за нова ѕвезда во своите редови.
Торес ја заврши својата европска кариера во саканиот Атлетико Мадрид, а исто така играше и за Ливерпул, Челзи и Милан.