Поврзи се со нас

Фудбал

Торино бара појаснување за ситуацијата во Лацио

Рим, 5 ноември 2020 (МИА) – Торино испрати официјално барање до Италијанската фудбалска федерација за разјаснување на ситуацијата во Лацио, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Претходно се појави информација дека неколку играчи на римскиот клуб се позитивни на  коронавирусот.

Подоцна, „сомнителните“ Чиро Имобиле, Лукас Лејва и Томас Стракоша добија негативни тестови.

Сепак, УЕФА не им дозволи да играат на натпреварот од 3. коло од Лигата на шампионите против Зенит (1:1) и играчите останаа во Италија.

Торино и Лацио ќе имаат дуел во рамките на 6. коло во Серија А на 11 ноември. зс/

loading...

Facebook