Connect with us

Кошарка

Торонто изедначи со Бостон, Клиперс на една победа до конференциско финале

Орландо, 10 септември 2020 (МИА) – Бранителот на шампионски трофеј во НБА лигата, тимот на Торонто репторс и кошаркарите на Лос Анџелес клиперс забележаа победи во натпреварите од плејофот одиграни ноќта среда кон четврток.

Торонто се избори за мајсторка во серијата со Бостон во полуфиналето на источната конференција победувајќи го шестиот дуел дури по две продолженија.

ЛА клиперс беше убедлив против Денвер и сега се наоѓа на само еден чекор до финалето во Западната конференција.

Резултати:

Бостон селтикс – Торонто репторс 122:125 (3-3 во серијата прв до четири победи)

Денвер нагетс – Лос Анџелес клиперс 85:96 (1-3).

Вечер во 1 часот по полноќ играат Хјустон рокетс – Лос Анџелес лејкерс (1-2 моментален резултат во победи). зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com