Connect with us

Фудбал

Тотален хаос на улиците пред мечот од Лига Европа: Полицијата и Брзата помош имаа полни раце работа (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем Јунајтед вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа.

Споменатиот натпревар имаше и своја огнена увертира низ улиците на Франкфурт.

Навивачите од Англија правеа нереди на улиците, а дојде и до конфликт со локалните поддржувачи.

Двајца навивачи на Вест Хем биле пронајдени како лежат на улица во локва крв и брзо биле префрлени во блиската болница во Франкфурт, додека уште 20 навивачи се здобиле со полесни повреди, јавуваат локалните медиуми.

Поголема група од околу 800 навивачи на Вест Хем пристигнаа во Франкфурт и беа придружувани од полицијата цел ден, но ниту полицијата не успеа да ја смири целата група.

Не е првпат англиските навивачи да прават проблеми при гостувањето во други земји, а денес не должат ниту еден домашен симпатизер.

Инаку, некои навивачи на Вест Хем синоќа беа приведени во полициска станица бидејќи во алкохолизирана состојба добро по полноќ го нарушиле јавниот ред и мир во Франкфурт, додека направиле тотален хаос во еден од локалите.

На првиот натпревар во Лондон, екипата на Ајнтрахт славеше со 1:2, па не очекува возбудлив реванш.