Фудбал
Тотенхем ги разгледува опциите доколку Конте реши да си замине
Раководството на Тотенхем веќе разговара за опциите за можни замени на Антонио Конте во случај Италијанецот да реши да си замине. Во последните денови се повеќе се шпекулира дека поранешниот тренер на Интер би можел да го преземе Пари Сен Жермен .летото откако Маурисио Покетино доби отказ. Според Дејли Мејл, Аргентинецот е една од опциите за Тотенхем. Во ваква ситуација практично двата клуба ќе ги разменат своите досегашни тренери. Сепак, изданието тврди дека меѓу водечките фактори во лондонскиот клуб има некои противници на идејата Покетино да се врати во овој момент. Затоа се разговара за неговите алтернативи. Според „Дејли мејл“, такви се менаџерот на Брајтон, Греам Потер и селекторот на Италија, Роберто Манчини, кој е голем миленик на фудбалскиот директор Фабио Паратичи.
Секако, план А за Тотенхем е Антонио Конте да остане. Можна улога во одлуката на Италијанецот може да биде евентуалниот пласман на тимот за Лигата на шампионите. Спарс моментално заостануваат два бода зад Арсенал во битката за четвртото место.