Фудбал
Тотенхем ги започна разговорите со Реал Мадрид околу Бејл
Тотенхем ги започна разговорите со Реал Мадрид за да го врати велшкиот крилен играч Герет Бејл во клубот, овој месец.
Според „Дејли експрес“, Жозе Мурињо сака да се соедини со Бејл во Тотенхем, овој месец.
Португалскиот тренер едвај чека да го засили тимот пред да се затвори зимскиот рок на крајот на овој месец и Бејл е приоритет за клубот.
Тотенхем и Реал Мадрид веќе започнаа разговори за негов трансфер во Лондон, но платата на играчот е голем проблем за гигантот во Премиер лигата.
Бејл има плата нештод помалку од 650 000 фунти неделно во Реал Мадрид.