Фудбал
Тотенхем нема да го продаде Кејн на ривалите од Премиер лигата
Шпекулациите за трансферите и понатаму се во фокусот на вниманието во светот на фудбалот за време на фазата на карантин. Тотенхем се наоѓа во средина на овие шпекулации, причина е иднината на Хери Кејн.
Англискиот напаѓач Хери Кејн предизвика многу шпекулации сега додека спортските активности се стопирани, бидејќи се соопштува дека за него е заинтересиран Манчестер Јунајтед.
Но, Манчестер Јунајтед е разочаран од одговорот на Тотенхем, бидејќи лондонскиот клуб јасно стави до знаење дека нема да го продадат англискиот напаѓач на ривал од Англија.
Манчестер Јунајтед допрва треба да го замени Ромелу Лукаку, откако штотуку го донесе Одион Игало на позајмица во јануари. Но, плановите на клубот сè уште не се јасни, особено сега кога Маркус Рашфорд се приближува кон враќање од повреда.
Британскиот весник „DailyMaill“ пренесува дека Тотенхем би бил подготвен да го продаде Кејн на „Олд Трафорд“ за само 227 милиони евра, што би го направил Англичанецот најскапиот фудбалер во историјата, надминувајќи го Нејмар за пет милиони евра.
Тотенхем ја постави оваа висока цена за подобрување на буџетот на клубот, бидејќи изградбата на новиот стадион ги чинеше 725 милиони евра.
Сепак, „БиБиСи“ инсистира на тоа дека главниот извршен директор на Тотенхем, Даниел Леси не е подготвен да го продаде Кејн во текот на летото, особено не на ривалниот клуб во Премиер лигата.