Поврзи се со нас

Фудбал

Тотенхем сака да го ангажира Рудигер

Лондон, 29 септември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, би можел да биде играч на Тотенхем, објави „Скај Спорт“.

Според изворот, Спарс имаат намера да ја завршат зделката за купување на 27-годишниот Германец пред да се затвори преодниот рок. Освен Тотенхем, за дефанзивецот се заинтересирани и ПСЖ и Барселона.

Во сезоната 2020/21, Рудигер сè уште не влегол на теренот.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама