Поврзи се со нас

Фудбал

Тотенхем се засили со уште еден влезен трансфер

Лондон, 17 октомври 2020 (МИА) – Тотенхем во последните месеци направи уште трансфер откако го ангажираше централниот бек на Свонси, Џо Роден. Спарс ќе плати 11 милиони фунти за 22-годишниот дефанзивец, а сумата може да се зголеми за нови 4 милиони во зависност од перформансите на Роден за лондонскиот клуб.

Роден, кој воодушеви со своите настапи за „Лебедите“ минатата сезона во Чемпионшип и избори место во репрезентацијата на Велс, потпиша договор до 2025 година со Тотенхем и ќе го носи бројот 14 на стадионот „Тотенхем“.

Ова е трето ново засилување во одбраната на „мамузите“, што го прави Жозе Мурињо на лето, по регрутирањето на Серхио Рехилон и Мет Доерти. По четири одиграни натпревари во Премиер лигата, „белите“ се шести во поредокот со две победи, реми и пораз.

Advertisement

Facebook

Реклама