Connect with us

Други спортови

Тото Волф му подаде рака на Шумахер

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, најави дека постои голема веројатност во иднина за овој тим да вози Мик Шумахер, синот на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел.

Легендата на овој спорт својата импресивна кариера ја заврши токму во „сребрената стрела“, со која запиша едно место на подиумот и една пол-позиција. Но, неговата тригодишна напорна работа во развојниот болид на Мерцедес овозможи овој тим од следната сезона да биде најдобар на патеката, а својата доминација ја продолжи до ден-денес.

Популарниот Шуми по завршувањето на кариерата претрпе тешка несреќа за време на скијањето на француските Алпи и веќе пет години живее под голема тајност во својот дом во Швајцарија. Сепак, неговиот син полека – но сигурно се пробива кон елитното автомобилско натпреварување.
Сезонава Мик ја освои европската титулатла во Формула 3, па затоа се почесто неговото име се споменува за влез во елитата. Меѓу најзаинтересираните е тимот на Мерцедес, а доколку овој 19-годишен пилот продолжи со своите одлични партии и во Формула 2, каде што ќе вози наредната сезона, неговото место ќе му биде загарантирано уште во наредната сезона. Се шпекулира дека Тото Волф веќе имал средба со младиот пилот.

  • Се уште не е дел од нашата јуниорска програма, но освои титула во Ф3 со мотор на Мерцедес, што е навистина импресивно. Треба да му дадеме време. Го очекува Формула 2 во која ќе се натпреварува со многу поискусни возачи. Не се сомневам ниту во негов успех доколку дојде во елитата. Можеби со нас, можеби и не, изјави Тото Волф.

Младиот Шумахер мора да биде трпелив, бидејќи екипата на Мерцедес моментно го има најдобриот возач, Британецот Луис Хамилтон, кој има договор со овој тим во наредните три сезони.