Поврзи се со нас

Фудбал

Тотре ќе треба да го надополни отсуството: Дојдовме за да ја победиме Ерменија и промоција во Б-дивизијата

Младиот Енир Торте отпатува со првата македонска фудбалска репрезентација и треба да го надополни Елиф Елмас, Бобан Николов и Стефан Спировски.

„Ние примарната цел ја остваривме, го изборивме тоа Европско првенство, но пред нас сега е нова цел. Дојдовме на Кипар за да ја победиме Ерменија и сакаме промоција во Б-дивозијата. Го знаеме ривалот, а иако ни недостигаат многу фудбалери, ќе го дадеме максимумот. Наше е да ги исполниме задачите на селекторот, а верувам дека тоа ќе ни биде доволно за позитивен резултат“, вели Тотре, пренесува Спорт 1.

Елмас нема да игра бидејќи на натреварот со Естонија се повреди, а Бобан Николов и Стефан Спировски се суспендирани за овој меч.

Мечот се игра на „Нео ГСП Стадиум“ со почеток од 18:00 часот.

Фото: Спорт 1

loading...

Facebook