Кошарка
ТРАГЕДИЈА: Го сметаа за нова НБА ѕвезда, се подготвуваше за драфтот, но загина во сообраќајна несреќа
Познатиот кошаркарски агент Рич Пол објави тажна вест за смрт на талентиран кошаркар од Универзитетот Кентаки, Теренс Кларк. Младиот играч починал како последица на повреди здобиени во сообраќајна несреќа која се случила во Лос Анџелес. Со него била и неговата мајка.
Според полицијата, младиот кошаркар поминал на црвено светло на семафор, па од столб за улично осветлување, автомобилот се одбил во ѕид.
Инаку, Кларк бил меѓу најдобрите средношколци во САД, па се одлучил да потпише за еден од најдобрите универзитети. Таму како почетник добил солидна минутажа во Кентаки, и покрај тоа што имал тешка повреда.
Поради талентот се одлучил да излезе на следниот НБА драфт, но за жал судбината го спречи да стане НБА ѕвезда, нешто што многумина предвидуваа.