Connect with us

Кошарка

ТРАГЕДИЈА И ШОК: Почина познат македонски тренер…

Оваа 2020 година ќе остане запаметена како исклучително кобна за македонската кошарка, откако на две недели пред нејзиното завршување почина уште едно големо име – поранешниот играчки ас на МЗТ Скопје и Вардар и некогашен селектор на машката и на женската репрезентација, Марјан Лазовски.

Тој последните неколку дена ги мина во тешка битка со коронавирусот, која, за жал, ја загуби, оставајќи само сеќавања на својот ведар дух и голема добрина, како и огромната љубов кон кошарката. Ја предводеше Македонија на единствениот настап во предолимписките квалификации во 2012 година во Венецуела, а потоа седна и на клупата на женскиот национален тим.

Како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички. Имаше само 58 години.

Sport1.mk