Connect with us

Кошарка

Трагедија ја потресе Македонија: Загина кошаркар во сообраќајна несреќа

Иван Пенов играше за младинскиот тим на македонската прва лига, а оваа година беше запишан да игра во првиот тим.

Во сообраќајна несреќа денеска загина младиот 19-годишен кошаркар на гевгелиско Кожув , Иван Пенов .

Иван Пенов играше за младинскиот тим на македонската прва лига, а оваа година беше запишан да игра во првиот тим.

Во неверување за напуштањето на досегашната наша млада надеж, изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Пена!

На 20.02.2021 во 00,50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.