Connect with us

Тајмаут

Трагедија на „Алијанц Арена“, внука на играчот на Падерборн почина на стадион!

Ужасната вест ја потврди Баерн Минхен пред неколку минути. Сериозна трагедија се случи на „Алијанц Арена“ во победата од 3:2 над Падерборн.

14-месечно бебе го загуби животот на стадионот. Внуката на играчот на Падерборн, Стрели Мaмба, беше со семејството за да го гледа Мaмба, но нејзината здравствена состојба се влоши за време на натпреварот.

Веднаш биле однесени во берлинската болница, но за жал девојчето починало. Баерн изрази сочувство до нејзиното семејство.