Други спортови
ТРАГЕДИЈА НА РЕЛИТО ДАКАР: Почина мотоциклист неколку дена по тешкиот пад!
Францускиот мотоциклист Пјер Шерпин им подлегна на повредите здобиени по падот на Релито Дакар. Шерпин имал 52 години, а почина на патот кон болницата откако доживеа тежок пад на 178-от километар на трката.
Несреќата Шерпин ја доживеа на 10-ти јануари, 178 километар од 7-та етапа, околу 13 часот. Помошниците биле испратени на местото на несреќата со хеликоптер. Пристигнале и го нашле во бесознание. Шерпин бил однесен во болницата Сакака. Неговиот медицински преглед покажал сериозна повреда на главата со губење на свеста. Итнобил опериран на неврохирургија,а оттогаш бил во вештачка кома. Починал на патот кон болницата во Лил каде требало да биде третиран по операцијата.
Тоа е прва несреќа на овогодинешното издание на Релито Дакар. Минатата година исто така имаше трагедија, кога загина Пауло Гонкалвеш.