Connect with us

Фудбал

Трагедија во Англија: Поранешниот играч на Астон Вила загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот дефанзивец на Астон Вила, Џилојд Самуел (37) го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Самуил играше за Астон Вила, Болтон и Кардиф и неколку сезони поминал во Премиер лигата, а неговата смрт одекна низ Англија на денот кога неговиот поранешен клуб играта против Мидлзборо на финалниот плеј-оф за враќање во Премиер Лигата.

Тој ја заврши својата кариера во Иран, играше за репрезентацијата на Тринидад и Тобаго, а до сообраќајна несреќа дојде кога се враќаше за дома откако ги остави децата на училиште.

Тој беше една од надежите на англискиот фудбал, играше за младински репрезентации, но на крајот играше за Тринидад и Тобаго.

Забележа два настапи за Тринидад и Тобаго, а во 2006 година ФИФА го одби неговото барање за промена на националноста, и пропадната идеја да заигра на Светското првенство во дресот на Англија.