Други спортови
Трагедија во Австрија: Загина светски и европски првак, имаше само 19 години
Европскиот и светски јуниорски првак во мотокрос, 19 годишниот Рене Хофер бил од групата на 11 скијачи врз кои паднала лавина. Според автриските медиуми тројца загинале, меѓу нив и младиот Хофер, додека двајца се потешко повредени.
Хофер бил еден од најдобрите млди возачи во мотокросот. Освен моторите, голема страст имал и кон скијањето. Во саботата заедно со пријателите отишол на планина во покраината Салцбург, но се случила трагедија, кога ги потрупала лавина. Тројца загинале, двајца потешко повредени, останатите од 11 члената група преживеале.