Connect with us

Тајмаут

ТРАГЕДИЈА: Во Грција убиен навивач од Бугарија

Еден навивач од Бугарија е убиен во тепачка од страна на навивачите на ПАОК. Имено државјанинот на Бугарија на 28-годишна возрас со свои двајца пријатели дошол да го бодри Арис, но бил нападнат од група на 15 до 20 навивачи на ПАОК.

Полицијата соопшти дека жртвата паднала на патот откако била претепана и прегазена од автомобил. Другите двајца повредени Бугари се во животна опасност, соопштија властите.

Полицијата првично уапси 14 лица во врска со насилството. Тројцата претепани Бугари беа навивачи на бугарскиот клуб Ботев Пловдив чии приврзаници се поврзани со најголемиот локален ривал на ПАОК, Арис со седиште во Солун.