Connect with us

Други спортови

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Почина 19-годишниот мотоциклист откако доживеа пад на патеката Мугело

Младиот, 19 годишен швајцарски мотоциклист, Џејсон Дупаскје почина како последица на повредите кои ги здоби откако доживеа страшен пад на патеката Мугело во текото на квалификациите во Мото 3, за Големата награда на Италија.

Швајцрскиот возач веднаш по падот беше пренесен во болница со хеликоптер, во текот на ноќта е опериран, но за жал не преживеа, поради компликации од повредите на главата.

Инцидентот се случи во самиот финиш на квалификациите кога тој ја загуби контролата над моторот, а потоа падна. Зад него беше Сасаки, кој во обидот да го избегне, исто така ја загуби контролата врз  моторот.

Неговите родители, Филип и Андреас, веднаш пристигнаа на клиниката од Фрајбург, како и претставниците на тимот на Пристел, кој одлучи дека неговите возачи повеќе нема да возат викендов.

Инцидентот на патеката во Муџело се случи во самиот финиш на квалификациите кога Швајцарецот изгуби контрола над мотоциклот, падна, а го следеше Сасаки кој се обиде да го избегне и исто така изгуби контрола над возилото.

Другите возачи од серијата Мото3 беа информирани утрово за смртта на трагично починат колега, а кога пријателот, менторот и сонародник на Џејсон, Том Лути слушна што се случило, во договор со тимот тој реши да не ја вози Мото2 трката и покрај тоа започна според распоредот.