Connect with us

Други спортови

Трагедија: Во ринг почина 23 годишен боксер, од добиените удари во главата

23-годишниот боксер Таураи Зимуња почина од повредите за време на борбата.

Трагичниот настан се случи во Зимбабве во супер бантам категорија.

На крајот од третата рунда, Таураи беше турнат во аголот на рингот, а по неколку удари во глава, загуби свест и престана да се брани. Судијата не ја прекинал борбата додека не се онесвести.

По инцидентот тој бил пренесен во болница, но за жал не преживеал. За ситуацијата зборувала и неговата мајка. Како што открила во интервју за The Herald, неделата пред борбата тој не се чувствувал добро, па го советувала да се откаже, но не ја послушал.

-Тој одговори дека се чувствува добро и дека треба да се бори. Целото семејство страда. Мојот син почина работејќи го тоа што го сакаше, изјави несреќната мајка.