Фудбал
Трагедија во семејството на Џенаро Гатузо
Џенаро Гатузо го напушти тренингот на Наполи утрово, откако ја дозна трагичната вест.
Имено, Гатузо ја доби тажната вест дека неговата сестра Франческа починала во болницата. Франческа имаше 37 години, но веќе некое време беше сериозно болна.
Нејзината состојба се влоши во февруари кога беше пренесена во болница и беше на интензивна нега повеќе од три месеци.
Ова се случи по натпреварот помеѓу Наполи и Сампдорија кога Гатузо не се појави на прес-конференцијата, а потоа беше објаснето дека тој отишол да ја посети својата сестра во Милано.
Франческа веќе неколку години се бореше со сериозна болест, но на крајот таа за жал не преживеа и денес почина на 37-годишна возраст.