Тајмаут
Трагедија во семејството на Раѓа Наинголан
Фудбалерот на Каљари, Раѓа Наинголан објави тажна вест. Имено, неговата внука ја изгуби битката со ракот.
Италијански „Sport Mediaset“ пишува дека внуката на Наинголан веќе некое време се бореше со малигни заболувања.
“Душо, на сите ни недостигаш. На дечко ти, децата, тато ти, браќата и сестрите, на сите”, напиша Наинголан во објавата на Инстаграм, додавајќи:
„Толку млада, сè уште не можам да верувам. Сега оди кај мајка ти и прегрни ја. Таа ќе те заштити уште повеќе“.
Вестите за прераната смрт на внуката на Наинголан, стигнаа за врме додека и неговата сопруга се бори со рак…