Други спортови
Трагедија во Србија, почина млад спортист, поранешен член на Црвена Звезда и Партизан
Поранешниот одбојкар на Црвена звезда и Партизан, Филип Самарџиќ ненадејно почина на 34-годишна возраст како последица на воспаление на белите дробови.
Роден е на 29.06.1988 година, настапуваше за помладите категории на црвено-белите, а подоцна настапуваше и за сениорскиот тим. Беше дел од тимот кога ОК „Црвена звезда“ го освои Суперкупот во 2016 година. Во сезоната 2016/2017 со црвено-белите играше финале од плеј-офот на српското првенство, а Црвена звезда потоа го зазеде второто место. Самарџиќ на почетокот на кариерата беше и млад српски репрезентативец.