Други спортови
Трагедија, загина познатиот рели возач Кен Блок, со пријателите бил да вози санка (ВИДЕО)
Познатиот рели возач Кен Блок загинал, објавија американските медиуми. Како што пренесуваат тие, тој со пријателите бил на планина да вози санка по снегот, а ја возел по голема стрмнина, при што во еден момент загубил контрола и санката паднала врз него.
American rally driving legend Ken Block has died in a snowmobile accident at the age of 55https://t.co/dySBlFEQ3w
— talkSPORT (@talkSPORT) January 3, 2023
55-годишникот бил на возење со пријателите, но во моментот на несреќата немало никој со него. Тој беше познат вљубеник во екстремните спортови. Се натпреваруваше уште во скејтбординг, сноубординг и мотокрос на тешки терени.