Connect with us

Фудбал

Трансфер „бомба“ од Франција: Единсон Кавани заминува во Шпанија

Единсон Кавани постигна договор со Атлетико Мадрид. Трансфер „бомба“ доаѓа од Франција, а ја објави „Le10Sport“ со која се најавува договорот пронајден помеѓу напаѓачот на ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Договорот на Уругваецот со францускиот шампион е пред истекување, па на тој начин би можел да биде префрлен во Шпанија уште во јануари. Но, Атлетико Мадрид претпочита за услугите на напаѓачот да не плати ништо, односно да почека неколку месеци за во текот на летото да потпише со Кавани како слободен играч.