Connect with us

Фудбал

Трансфер за огромни пари, Симеоне се кае за Жоао

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го купи за рекордот 126 милиони евра Жоао Феликс од Бенфика. 20-годишникот се смета за една од идните ѕвезди на светскиот фудбал, но досега не покажа многу во Мадрид.

Првиот човек на клупата на Атлетико го признава ова и кажа дека се уште очекува играчот да се покаже.

„Ние многу веруваме во Жоао Феликс. Тој има огромен талент и стекнува искуство. Да не заборавиме дека тој е 20-годишен човек кој ги смени тимот и државата.“

„Сигурен сум дека тој е иднината на фудбалот. Ние сме тука за да му помогнеме. Сеуште очекувам многу од него да ја покаже неговата вредност и да ни помогне уште повеќе“, изјави тренерот Симеоне.