Connect with us

Фудбал

Трансферот е близу: Милик ја напушти базата во Наполи

Неапол, 16 септември 2020 (МИА) – Трансферот на Аркадиуш Милик во Рома се чини дека е прашање на време, откако напаѓачот не учествуваше на тренингот на Наполи денес. Околу 12:30 часот со својот автомобил ја напуштил базата. Полјакот не се учествувал и на вчерашната сесија на тимот на Џенаро Гатузо.

Милик се очекува на „Олимпико“ со првичен закуп и задолжителна откупна клаузула во вкупна вредност од 25 милиони евра, од кои 7 милиони се во форма на бонуси. Тој самиот ќе земе 5 милиони евра по сезона.

Дваесет и шест годишниот репрезентативец на „дружина Полска“ одбива да го продолжи договорот со Наполи и затоа Џенаро Гатузо изјави дека нема да се потпира на него.

Овој договор се очекува да придвижи уште еден – до Един Џеко од Рома во Јувентус.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com