Connect with us

Фудбал

Трансферот на Дибала во Интер е прашање на денови

Поранешниот напаѓач на Јувентус , Пауло Дибала е се поблиску до трансфер во Интер како слободен играч, според Италија.

Според „Кориере дела Сера“, „нероаѕурите“ нема да одложат и ќе го објават привлекувањето на играчот во следните десет дена, со оглед на фактот дека сезоната е завршена и Дибала го одигра последниот меч со „бјанконерите“. Во меѓувреме, експертот за трансфери, Николо Скира, исто така информира дека Аргентинецот е на прагот да се пресели во Интер . Двете страни начелно се договорија за тригодишен договор со плата од 7 милиони евра, а договорот би можел да биде продолжен за уште една сезона.