Фудбал
„Трансферот во Јувентус беше најлошото искуство во мојата кариера“
Никола Анелка зборуваше за лошото време што го помина во Јувентус. После кариерата во првенството на Франција, Англија, Турција, Кина и Индија, поранешниот напаѓач ја опиша авантурата во Италија како најлоша во неговата кариера.
Беше позајмен на шест месеци од Шангај Шенхуа во јануари 2013 година, а одигра само три натпревари и не успеа да постигне гол за „Бјанконерите“.
„Одлучив да ја прифатам понудата на Јуве затоа што е голем клуб. За жал, ќе остане најлошото искуство во мојата кариера, откако играв само 45 минути и не постигнав гол во дресот на Јуве на домашен терен, пред навивачите.
Искрено, кога некој ќе разговара со мене за Јуве, се обидувам да ја сменам темата што е можно побрзо … Се срамам од тој трансфер“.