Connect with us

Фудбал

„Треба да разговараме за некои работи“, Тер Штеген отворено ги критикува соиграчите

Голманот Марк-Андре тер Штеген беше вознемирен по нагтпреварот со Славија Прага, и рече дека „Барселона сè уште има работи за подобрување. „Каталонците“ се искачија на врвот на групата Ф и имаат три бода повеќе од ривалите, по три одиграни натпревари досега. Раниот гол на Лионел Меси и  автоголот на Питер Олајинка му помогнаа во триумфот на тренерот Ернесто Валверде.

„Не го игравме она што сакавме, но за среќа ги добивме трите бода, што е најважно. Треба да разговараме за некои работи. Јас нема да им кажам тука, но има работи што треба да се подобрат“,  рече Тер Штеген за „Мовистар Плус“.

27-годишниот играч е важна личност за Барса оваа сезона, бидејќи неговиот тим се бореше да ја пронајде оптималната форма и покрај сензационалните летни засилувања на Антоан Гризман и Френки де Јонг. На прашањето дали Валверде направил некои тактички грешки, Тер Штеген одговорил:

„Ова е внатрешна работа, не сакам да го анализирам натпреварот овде. Славија постигна гол против нас веднаш, во првиот напад од второто полувреме. Ова не може да ни се случи “.