Connect with us

Фудбал

Треба да внимава што пишува, ѕвезда на Тотенхем казнета, нема да игра против Јунајтед

Еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Деле Али нема да игра против Манчестер Јунајтед, за една недела, а причина е неговата објава на социјалните мрежи во време на пандемија со коронавирусот.

Фудбалерот, освен казната од еден меч неиграње, ќе мора да плати и 50 илјади фунти, но ќе мора и да присуствува на предавања за правилно однесување.

Деле Али на својот „Snapchat“ во февруари објави шега за коронавирусот, поврзана со Азијци, а сето тоа на крајот скапо го чинеше. Подоцна тој го избриша видеото, се извини и призна дека сфатил дека ваквите работи не се шега.