Connect with us

Фудбал

Требаше да ја добијам “Златната топка”

Португалскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо е убеден дека требаше и оваа година да ја освои „Златната топка“ на Франс Фудбал, која заврши во рацете на неговиот поранешен тимски колега, Лука Модриќ.

  • Верувам дека секоја година ја заслужував „Златната топка“. Кога нема да победам, тоа не е катастрофа, не е крајот на светот. Но, за ова работам многу напорно, и моите статистики го потврдуваат ова. Се разбира, јас сум разочаран од резултатот, но тоа ќе ме мотивира. Животот продолжува, нема да плачам. Честитки за Модриќ, изјави Роналдо.