Connect with us

Кошарка

Трејси МекГрејди во солзи: „Коби секогаш ми велеше дека сака да умре млад и да стане бесмртен“

Поранешната ѕвезда во НБА, Трејси МекГрејди во едно шоу на ЕСПН зборуваше за смртта на Коби Брајант што ја шокираше светската јавност.

Брајант во неделата настрада во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. Покрај Брајант, имало уште осум жртви, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, Џијана.

Ова ја потресе светската јавност, а јавните личности ширум светот му оддадоа почит на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Се огласи и Трејси МекГрејди, кој некогаш беше еден од најдобрите играчи во НБА лигата.

МекГрејди работи како телевизиски аналитичар денес, а се појави во една емисија на ЕСПН. Не можеше да ги скрие своите емоции и откри дека Коби честопати му кажувал дека сака да умре млад.

„Звучи лудо, но кога почнувавме, Коби често ми велеше: ’Сакам да умрам млад и да бидам бесмртен’. Секогаш зборуваше дека сака да има поголема кариера од Мајкл Џордан и да умре млад“, рече Мекгрејди, додавајќи.

„Кога ја добив веста, танцував со ќерка ми. Тогаш мојата сопруга ми кажа што се случи и не можев да верувам. Уништен сум“.