Connect with us

Фудбал

Тренер на италијански тим: Имав коронавирус за време на мечот во ЛШ, поминав низ хаос

Бергамо беше еден од епицентрите на пандемијата во Италија, а многумина сметаат дека токму мечот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија, одигран во Милано на 19-ти февруари  бил една од главните причини за големото ширење на коронавирусот.

Тогаш, во Милано допатувале 40 илјади навивачи од Бергамо, а потоа ја славеле победата од 4:1. Потоа Аталанта славеше и на реваншот со 4:3 и се пласираше во четвртфиналето.

УЕФА не сакаше да го откаже реваншот, а тренерот на Аталанта, Гасперини вели дека уште тогаш веќе бил заразен.

-Почувствував дека сум болен еден ден пред мечот со Валенсија, а на денот на мечот, попладнето се чувствував уште полошо. Ако ги погледнете фотографиите ќе видите дека на клупата на мечот не изгледав добро. Тоа беше на 10-ти март, а потоа две вечери не спиев. На секои две минути слушав сирена од брза помош, се мислев, што доколку завршам во таа болница.

Гасперини вели дека сепак оздравел без да оди во болница, а дознал дека тоа било коронавирус, кога целиот тим на Аталанта беше тестиран.