Connect with us

Фудбал

Тренерот на Ал Наср доби отказ, се расправал со Роналдо и играчите!

Според Марка, искусниот француски стручњак Руди Гарсија добил отказ бидејќи имал конфликт со играчите во соблекувалната. Проблем беа и резултатите на Ал Наср, но последната капка беше расправијата на Гарсија со играчите.

На седум натпревари пред крајот на првенството, Ал Наср е втор на табелата со три бода помалку од Ал Итихад од кого неодамна загубија. Испаднаа и од купот во полуфиналето и по дополнителните проблеми во тимот Гарсија остана без работа.

Гарсија како тренер ги водеше Сент Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома, Олимпик Марсеј и Лион, а во Ал Наср е од 2022 година и нема освоено ниту еден трофеј во Арабија.