Connect with us

Фудбал

Тренерот на Барселона ги разочара фановите: Ја губиме трката за титулата

Објавено:

Ремито против Атлетико Мадрид (2:2) дополнително ја оддалечи Барселона од титулата и тренерот на тимот Кике Сетиен не криеше дека задачата станала уште покомплицирана.
Сепак, тој беше задоволен од играта во судирот со „јорганџиите“.
– Жално е што не победивме бидејќи е потешко да се надеваме дека ќе станеме шампиони. Губењето на поени ги намали нашите шанси за прво место, но мора да продолжиме да работиме, изјави Сетиен.
На прашањето дали е мирен за својата позиција, специјалистот рече дека ја чувствува поддршката на тимот, а исто така одби да коментира дали имало средба меѓу него и раководството на клубот.
Барселона е на второто место во пласманот со 70 бода, а лидерот Реал Мадрид има 71 пред денешниот натпревар против Хетафе.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама