Connect with us

Фудбал

Тренерот на Барселона го провоцира Реал Мадрид: Сите видовте што се случи!

Реал Мадрид славеше со 2:1 против Реал Сосиедад, а многу „прашина“ крена овој меч, пред се за регуларноста на головите и поништениот гол на Јанузај. Покрај тоа што „Кралевите“ беа „распнати“ од медиумите, дури и тренерот на Барселона, Кике Сетиен го „пецна“ Реал Мадрид.

-Не разбирам зошто се користи ВАР во некои ситуации, а во други не. Не сакам да зборувам многу за судиите, бидејќи на тоа не можеме да влијаеме. Во таквите спорни ситуации, некогаш сте среќни, а некогаш ништо. Видовте сите што се случи синоќа. Сите сами нека ги проценат таквите ситуации, изјави тренерот на Барселона.