Фудбал
Тренерот на Барселона за трансферот на „новиот“ Роналдо: Јас врска немам со тоа!
Тренерот на Барселона Кике Сетиен изјави дека нема ништо со трансферот на Франциско Тринко, кој на последниот ден од преодниот рок потпиша за каталонскиот тим,
Тринко во Барселона доаѓа од Брага за 30 милиони евра, има 20 години и игра на позицијата крилен напаѓач. Го нарекуваат новиот Роналдо.

-За оваа работа дознав откако стигнав во клубот. Барселона уште претходно работеше на овој трансфер, односно пред моето доаѓање и немам никаква врска со тоа. Немам повеќе што дак кажам, изјави Сетиен.
Тој ќе се приклучи на Барселона по завршувањето на сезоната, односно во јули 2020.