Фудбал
Тренерот на Еибар пред дуелот со Барса: Меси не пропушта натпревари, тој се одмара на самите мечеви
Тренерот на Еибар Хосе Луис Мендилибар, во пресрет на мечот со Барселона изјави дека не верува дека Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот. Иако имаше „густа“ недела и доста силни мечеви, сепак не е сигурно дали ќе го одигра дуелот од 25.коло од шпанската примера.
Не верувам дека ќе го пропушти мечот. Тој одмора за време на играта, бидејќи знае кога да се мобилизира, а кога да се штеди. Тој повеќе ќе страда од трибините, вели Хосе Луис.
Барселона утре во 16 часот го пречекува Еибар.