Фудбал
Тренерот на Елмас го испофали ветеранот: Ибрахимовиќ е е многу посилен во однос од пред 10 или 12 години
Златан Ибрахимовиќ е буквално како старо вино, што е повозрасен, толку е подобар. Според некогашниот контроверзен фудбалер, Ибра сега е далеку подобар фудбалер од, на пример, пред 12 или 13 сезони.
„Милан верува во Ибрахимовиќ, а тој дава сѐ од себе без разлика на годините. Дури и мислам дека сега е подобар отколку пред 12 или 13 години. Не е случајно што на дербијата креираме шанси, но не ги користиме и потоа премногу мислиме зошто сме утнале и мислиме дека немаме среќа. Мора да се фокусираме, тоа е нашиот главен проблем. Не ми се допаѓа односот“ – изјави Гатузо.
Милан нема пораз сезонава и има 6 бода повеќе од шестопласираниот Наполи. Ибра синоќа даде два гола. Наполи има црна серија од три домашни порази по ред.
„Кога нема оган во нашите очи и срца, губиме. Треба да размислуваме за тимот, а не само за себе. Таа себичност ми пречи. Кога ќе со соочиме со проблем, веднаш се жалиме кај судиите или играчите се караат меѓу себе, тоа мора да се смени“, вели Гатузо.
Џенаро Гатузо беше видно незадоволен по поразот на Наполи од Милан од 3:1 во Серија А. Тој потврди дека ќе ја анализира ситуацијата во која и тој се гледа како виновник но играчите се тие кои мора да ја подогнат формата.
Милан по 8 кола е прв на табелата со 20 бодови, што на почетокот од сезоната тешко ќе беше за верување на ваков расплет.