Connect with us

Фудбал

Тренерот на Милан тврди: Не е до тактиката, до Ибрахимовиќ е

Објавено:

По доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ, Милан забележа едно реми без голови со Сампдорија, славеа против Каљари со 2:0, еден гол беше дело на Швеѓанецот и победија со 3:0 против Спал во Купот. На овој меч Ибра беше на клупата.

Тренерот на Милан искрен. Вели не е до тактиката, туку до Ибрахимовиќ.

– Потпишувањето на Ибрахимовиќ беше навистина важно. За тимот е потребно тоа што тој го прави секој ден на тренинзи. Против Каљари покажа како се гине за својот тим, а убеден сум дека тоа ќе го прави и во иднина. Ибра ќе биде подобар како што одминува времето. Тој е одличен професионалец и пример и мотив за помладите, изјави Пиоли.

Ибрахимовиќ по натпреварот со Каљари на помладите соиграчи им порача да работат понапорно за да може тимот да освојува трофеи.

 

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама