Фудбал
Тренерот на Торино понижи фудбалер како никогаш досега, го внесе во игра, а 15 минути подоцна го извади, неговата реакција беше остра (ВИДЕО)
Тренерот на Торино, хрватскиот фудбалски стручњак Иван Јуриќ објасни зошто решил да го извади од игра српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ по само 14 минути поминати на теренот.
Да потсетиме, во градското дерби против Јувентус, Радоњиќ влезе во игра во 60. минута наместо Јан Карамо, а веќе во 73. минута Јуриќ реши да го извади од игра. Хрватот очигледно веруваше дека српскиот репрезентативец е најголемиот виновник за третиот гол на Јувентус.
Jel ovo Jurić rekao Radonjiću: Da ti je*em majku?!#Radonjic #Juric #TorinoFC #Calcio #SeriaA pic.twitter.com/g8kJThHGYq
— sportsscandals (@sportsscandals1) February 28, 2023
“Има работи кои ми е тешко да ги разберам. Според мене, со него постои целосен недостаток на почит кон оваа игра. Тој ги имаше своите задачи, влезе во игра и веднаш почна да прави некои други работи. Тоа значи дека не сте концентриран. Ова момче има талент, но очигледно е дека во овие шест месеци заедничка работа не успеав да направам фудбалер од него“, се налути Јуриќ по натпреварот. Радоњиќ доби шанса на 2:2 и за време на неговиот краток престој на теренот, Јуве погоди по корнер. Србинот застана сам на работ од шеснаесетникот, што не му се допадна на тренерот Јуриќ.
„За време на корнер играчот мора да биде присутен и подготвен. Може да реагира добро или лошо, но мора да биде на својата позиција. Често ни се случува да не бидеме сконцентрирани, понекогаш тоа оди без казна, но денес плативме “, додаде Хрватот.