Фудбал
„Тренинг со Гвардиола ви е како предавање на факултет“ – дали ова е најдобриот опис?
Вили Кабалјеро го продолжи договорот со Челси пред неколку дена и стана јасно и дека четврта сезона ќе биде дел од лондонскиот клуб, а добро познато е дека од претходно веќе имаше искуство во Премиер лигата како голман на Манчестер Сити.
„Со Пеп Гвардиола како да одиш на универзитет. Поминав една година со него во Сити, и секој ден учев нешто ново. На теренот, гледајќи видеа или само со разговор, кога ќе дојде до тебе и ќе ти ги објасни работите. Не му е проблем да учи некого на 34 години, колку што имав јас. Вистински учител“, вели Кабалјеро.
Кабалјеро не штедеше комплименти за посветениот Пеп и покрај тоа што само една сезона соработуваше со него, а посебно го импресионирало тоа што имал идентичен третман за сите, без разлика на името и големината.
„Мануел Пелегрини ме убеди да одам со него во Манчестер сити, иако ми беше добро во Малага. Ми вети дека ќе бидам стартер во сите купови, иако во Премиер лигата тука беше Џо Харт“, додава Аргентинецот.