Фудбал
Трет фудбалер позитивен на коронавирус во Ла Лига
Тројца членови на првиот тим на Реал Бетис имале позитивни тестови на корона вирус. Имињата на фудбалерите не се откриваат во јавноста, а клубот досега не ја потврди оваа информација. Наводно се работи за фудбалери чиј тест покажа присуство на антитела на Covid-19 и е доказ дека веќе ја имаат надминато болеста.
Досега, позитивни беа дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди, голманот на Атлетик Билбао, Алекс Ремиро и Јангел Ерера од Гранада, додека во Реал Мадрид и Барселона потврдија дека немаат позитивни случаи.
Досега има тројца фудбалери позитивни на коронавирусот во Ла Лига, Лоди од Атлетико Мадрид, Ремиро од Реал Сосиедад и Јангел Херера од Гранада.